Почитувани читатели на е-ИНФО на GS1 Македонија
Слаѓана Милутиновиќ, дипл. ек.
извршен директор
Пред крајот на 2013 година би сакала да изразам искрена благодраност до сите Вас, кои со внимание ги следвте презентираните содржини во нашето електронско списание и бевте задоволни со инфорамциите кои Ви ги понудивме.
Во текот на 2013 година тимот на GS1 Македонија беше постојано на располагање на своите членки, посветен на едукација и стручна помош секогаш кога тоа беше потребно, како би ги совладале пречките во тековното работење во однос на правилната имплементација на GS1 стандардите и би се оспособиле за деловно работење во земјата и светот со примена на GS1 стандардите.
Нашиот успешен развој во изминатата година не би бил возможен без Вашата поддршка.
Со ова декемвриско издание на нашето електронско списание го завршуваме серијалот од 4 последователни броја посветени на новата генерација бар кодови - GS1 DataBar-от и неговата промоција на практична апликација пред бизнис заедницата од прехранбената индустрија на настанот одржан на 11.12.2013.
Неговата симбологија за предизвикување „Р“ еволуција на наплатните места како иновација за справување со актуелните глобални процеси на обезбедување следливост, заштита на потрошувачот, намалување на отпадот на прехранбените продукти со поминат рок или со детектирана грешка, ја иницираше и мојата „Р“еволуционерна порака до Вас:
Следната 2014 година нека биде исполета со нови знаења, искуства, енергија и успешни резултати!
Новата година нека Ви донесе нови можности да постигнете тоа што го сакате, да тоа што го правите го правите најдобро што можете, да пронајдете нови правци за Вашиот бизнис да биде поуспешен а Вие лично бидете посреќни.
Време е за иновации! Добредојдовте во светот на нови можности! Искористете ги бенефитите кои Ви ги нуди GS1 системот за стандарди.
Во мое лично име, во име на Управниот одбор и во име на тимот на GS1 Македонија, Ви посакуваме среќна и успешна 2014 година.
|