Обезбедете ја вашата LEI регистрација и финансиски трансакции со GS1 Македонија.

Исполнете ги глобалните регулаторни барања во финансискиот сектор со користење на GS1 LEI услугата

LEI Registration Service by GS1

Идентификациониот број за правните субјекти (LEI)

Идентификациониот број за правните субјекти (LEI) е 20-цифрен алфа-нумерички код базиран на ISO стандардот број 17442 развиен од страна на Меѓународната организација за стандардизација (ISO). Овој код се поврзува со клучните податоци кои овозможуваат прецизно и единствено идентификување на правните субјекти кои имаат учество во финансиски трансакции. Едноставно кажано, јавно достапната база на податоци за LEI кодови може да се смета како глобален регистар за LEI, кој дополнително би ја зголемило транспарентноста на глобалниот пазар.

Идентификациониот број за правните субјекти (LEI) ja идентификува вашата компанија при изведувањето на финансиските трансакции и ви помага полесно и попаметно да донесете одлука со кого да правите бизнис договори.

GS1 e GLEIF (Global Legal Entity Identifier Foundation) акредитиран издавач на LEI, глобално.

Бенефити од користењето на GS1 LEI сервисите

Global LEI issuer with local support Simple and clear LEI registration process Effortless, free of charge LEI transfer Competitive market pricing
Глобален издавач со локална поддршка Едноставен и јасен процес за добивање на LEI Едноставен, бесплатен LEI трансфер Конкурентни пазарни цени

GS1 Македонија како посредник на GS1 GO може да Ви помогне во добивањето, префрлањето и обновувањето на Вашиот LEI број.

Со повеќе од 40 години скуство во уникатната идентификација на продукти и ентитети, GS1 е глобална мрежа од 112 национални организации кои се обучени да ги нудат LEI сервисите, преку експертиза на валидноста на податоците и познавање на локалниот јазик и закони. .

Аплицирајте за LEI преку 3 едноставни чекори

Употребата на LEI е наложена од страна на Европската регулаторна институција, надлежна за надзор и усогласеност во работењето со хартиите од вредност и финансиските пазари (ESMA-European Securities and Markets Authority), со цел да се врши известување за трансакциите поврзани со тргувањето со деривативи до овластените депозитари на деривативни инструменти со кои се тргува преку шалтер, согласно Европската регулатива за пазарна инфраструктура (European Market Infrastructure Regulation-EMIR), надлежна за супервизија на тргувањето со финансиски деривативи кое не се одвива на официјален пазар.

Според регулативите MiFID II и Регулативата за спречување на злоупотреба на пазарот, операторите се обврзани да обезбедат LEI код за секој издавач на хартии од вредност кои се предмет на тргување. Брокерските куќи ќе бидат обврзани да обезбедат LEI код за своите клиенти кои ги исполнуваат условите за LEI и чии хартии од вредност се предмет на тргување, во спротивно ваквите трговски трансакции нема да бидат спроведени.

Дополнително, задолжителното поседување на LEI број за правните лица е веќе утврдено со неколку ЕУ регулативи и директиви, како што се:

  • Европска регулатива за пазарна инфраструктура (European Markets Infrastructure Regulation-EMIR) – клириншки куќи, членки на клириншки куќи и договорни страни на договорите за тргување со деривативи
  • Регулатива за спречување на злоупотреба на пазарот (Market Abuse Regulation-MAR) – издавачи на финансиски инструменти, ентитети вклучени во сомнителни трансакции
  • Регулатива за адекватност на капиталот (Capital requirements regulation-CRR) – кредитни и финансиски институции
  • Директива за приватните (алтернативни) инвестициски фондови (Alternative Investment Funds Directive (AIFMD) – инвестициски фондови и менаџери на инвестициски фондови
  • Регулатива за кредитни рејтинг агенции (Credit Rating Agency Regulation-CRAR) – кредитни рејтинг агенциии и рангирани ентитети
  • Регулатива за солвентност ( Solvency II) – пензиски фондови и осигурителни компании
  • Регулатива за Централни депозитари за хартии од вредност ( Centrral Securities Depositories Regulation – CSDR) – Централни депозитари и членки на депозитарите
  • Директива за транспарентност (Transparency Directive) – издавачи на финансиски инструменти на официјални пазари
  • Регулатива за финансиски трансакции поврзани со хартиите од вредност ( Securities financing transactions regulation SFTR) – субјекти вклучени во трансакциите поврзани со хартиите од вредност и корисниците и имателите на правата и обврските кои произлегуваат од истите
  • Регулатива за издавање на проспект за ХВ (Prospectus Regulation) – издавачи на хартии од вредност кои се понудени на јавноста преку официјален пазар за ХВ кој се наоѓа или дејствува во рамките на ЕУ
  • Директива за пазари на финансиски инструменти / Регулатива за пазари на финансиски инструменти(Markets in financial instruments Directive II – MiFID II/Markets in financial instruments regulation)

За повеќе информации за GS1 системот и/или негова импалментаицја во Вашата организација контактирајте не.

GS1 глобална LEI услуга


Докумети

Видео

Контакт