Почитувани
читатели на е-ИНФО на GS1 Македонија
Слаѓана Милутиновиќ, дипл. ек.
извршен директор
Во најжешкиот период од годината, GS1 Македонија
континуирано работи со „полна пареа“. Продолжувајќи ја
нашата мисија да Ви ја доближиме тематиката на глобално
најраспространетиот и најмасовно користениот систем на
стандарди во современото деловно работење, креиравме нови
услуги, наменети специјално за Вас, почитувани пријатели на GS1
Македонија.
Во овој, августовски број на електронското списание Ве
информираме за:
    •Нашата успешна соработка на регионално ниво, која е многу
значајна за сите национални GS1 организации со цел размена
на меѓусебни искуства, координација и усогласување во
менаџирањето на GS1системот.
    •Новата RFID технологија и Првата регионална конференција
посветена на оваа тема. RFID технологијата е иднината во
означувањето на производите и се смета дека наскоро ќе го
револуционизира начинот на деловното работење во светот.
    •Нашите 3 нови услуги кои Ви ги нудиме со сите детално
објаснети бенефити кои ќе Ви се овозможат со нивното
користење:
       1. GS1 каталог на вашите производи;
       2. GS1 Верификација на Вашите баркодови;
       3. Рекламирање на Вашата компанија или производ преку
GS1 е-ИНФО.
Се надеваме дека ќе имаме позитивен одговор од Ваша страна на
новопонудените услуги и заинтересираност да создадете поголеми
бизнис резултати во Вашето работење, користејќи ги истите.