еИнфo
No5 - Септември 2013


Превземи PDF 

Содржина

GS1 DataBar - “Р”еволуција на наплатните

 

Зошто GS1 Data Bar?

 

Фамилија на GS1 DataBar бар кодови

 

Најчесто употребувани апликациони идентифи-катори

 

GS1 DataBar преку бројки

 

Почитувани читатели на е-ИНФО на GS1 Македонија

 

Слаѓана Милутиновиќ, дипл. ек.

извршен директор

 

 

             Со цел да Ве запознаеме со нови теми од областа на GS1 стандардите и Ви го олесниме пристапот до актуелните содржини и интересни информации, следните три броја на нашето електронско списание ИНФО ќе бидат посветени на еден бар код од новата генерација на бар кодови, а тоа е GS1 DataBar.

           GS1 Стандардите обезбедуваат основа која дозволува производите, услугите и информациите за нив да се движат поефикасно и побезбедно, за подобри бизнис резултати и за подобрување на животот на луѓето, секој ден и секаде низ светот.

                Бар кодовите станаа секојдневие. Тие можат да се забележат на сите производи кои се продаваат. Брзо и лесно се скенираат и овозможуваат брзо задоволување на потрошувачките потреби. За голем број трговци тие ја поедноставуваат контролата на залихата и им го олеснуваат работењето. Бар кодовите кои се користат на повеќето производи во трговијата се наречени EAN-13. Тие за прв пат беа воведени пред 40 години и денес се користат успешно низ целиот свет од страна на производителите и трговците.

                Сепак, не сите производи, особено помалите производи (коз-метички, медицински, накит, свежо овошје и зеленчук, прехранбени продукти со променлива тежина) можат да се бар кодираат со овие бар кодови. Производите кои не се бар кодирани можат да предизвикаат проблеми кај трговците – потребно е дополнително време за процесирање и се прават повеќе грешки. Дополнително, трговците и производителите сакаат да внесат повеќе информации во бар кодовите, како што се датум на употреба, тежина, batch/lot, сериски број, ...

             По неколкугодишни преговори меѓу трговците и производителите на светско ниво, беше постигнат компромис и беше претставен GS1 DataBar-от.

              GS1 DataBar симболот може да содржи повеќе информации и да идентификува производи со помали димензии. GS1 DataBar симболот може да содржи, покрај основниот GTIN и повеќе апликациони идентификатори како сериски број, број на лот и рок на употреба, а со тоа се овозможува негова примена при решавање со некои бизнис проблеми кај производите, како што се: автентификацијата, следливост на прехранбени и медицински производи и работа со купони.

            Од 01.01. 2014 година се очекува сите трговски партнери во слободната трговија да го користат и потполно имплементираат GS1 DataBar-от. Доколку имате визија за развој на Вашиот бизнис, а сте дел од секторот трговија на мало или производители од прехранбената индустрија, мора да започнете со подготовки за GS1 DataBar-от веднаш.