Глобален јазик на бизнисот Глобална канцеларија Аплицирај за бар код
Запознајте се со сите настани поврзани со формирањето и функционирањето на GS1 Македонија
Кои се тековните проекти на кои континуирано работи GS1 Македонија во соработка со своите членки?
Запознајте ги лидерите кои имаат огромен придонес во организацијата на GS1 Македонија
Ценовник за користење на GS1 број, GLN број и услуги поврзани со користењето на GS1 стандардите
Станете и Вие дел од семејството на 1200 активни членки на GS1 Македонија.
Игор Ивановски, координатор на категорија производ
Пред аудиториумот во име на Млекара АД Битола се обрати г-дин Игор Ивановски, координатор на категорија производ:
– Почитувани реформатори на пазарот во Република Македонија. Реформатори, бидејќи ние учесниците во Пилот проектот веќе вложивме, а некој од Вас присутните планираат да вложат средства и труд да овој проект навистина заживее во Република Македонија на задоволство и во интерес на сите. Млекара АД Битола во овој проект се вклучи од повеќе причини. Прво, нашата компанија е најстара млекарница во Републикава и од секогаш била предводник на новините на пазарот и напредните идеи и технологии. Второ, посебен акцент во нашето работење ставаме на следливоста на производите. Ние имаме сопствен систем за следливост со кој производите се следат по серии и датуми, но со Пилот проектот сметаме дека тој систем сме го подобриле. На крај како трето, за нас многу важно е да создадеме еден попартнерски однос со маркетите, да се избегне прелепувањето на нашиот веќе баркодиран производ. Секој од нас настојува да направи совршен дизајн за производот и ако врз него во маркетот се прелепуваат лепенка врз лепенка, целиот тој труд се уништува, а кај крајниот потрошувач се јавува сомнителност, што се крие зад прелепувањето. Затоа искрено се надевам дека исто како во Веро и во другите маркети овој Пилот проект со тек на време ќе заживее за добробит на сите а сепак е најважно крајниот корисник да биде задоволен – рече Ивановски.
Кристина Панајотовиќ, раководител на трговска марка
Идеал Шипка како учесник во Пилот проектот ја претстави г-ѓа Кристина Панајотовиќ, раководител на трговска марка. Најнапред присутните проследија видео запис, како проект на компанијата, посветен на квалитетот и автентичноста на македонските сирења и кашкавали кои Шипка во иднина ќе ги пласира на светските пазари под брендот „Президент“ (Président). - Како компанија во изминативе години најголемо внимание посветивме на модернизацијата на производството. Потврда за тоа е нашето ребрендирање и влегување во семејството Лакталис, најголема млечна индустрија во светот. Денес македонските сирења и кашкавали произведени во млекарата Идеал Шипка стануваат дел од понудата на производи на Президент. Со тоа производите нема да изгубат од својата автентичност, квалитет и вкус, туку ќе добијат меѓународна препознатливост што ги отвора патиштата за пласман на европските пазари. Во овој Пилот проект влеговме бидејќи ги користиме, поддржуваме и прифаќаме во нашето работење GS1 стандардите како светски стандарди со кои се подобрува работењето. Нашата компанија располага со мерни уреди од новата генерација на ваги со кои може да се генерираат и баркодови од новата генерација, поточно GS1 DataBar-от – рече г-ѓа Панајотовиќ.
Ивана Илијоска, директор за производство и логистика
-Во нашата компанија големо внимание посветуваме на следливоста на производите од самата набавка на суровините до производната линија преку дистрибуцијата до продажба. Целокупната палета на производи на "СОЛЕТА" се НАССР сертифицирани со сертификат валиден и конкурентен во земјите на ЕУ – рече г-ца Ивана Илијоска, директор за производство и логистика во Солета. - Во 2012 година имплементиравме нов информационен систем во кој го интегриравме и воведениот HACCP систем. Паралелно со тоа воведовме и GS1 стандард во комплетна хиерархија на пакување: GS1 DataBar за производ, GS1-128 за кутија (пакет), а планирано е SSCC да се воведе во 2014 година. Со тоа воспоставивме автоматизиран процес на прием и издавање роба со што сме сигурни дека сме направиле чекор напред за нашата компанија – додаде во своето излагање Илијоска.
Митко Ќосев, еден од основачите и сопствениците
- Производството во Промес се одвива по најсовремена технологија, по строго пропишани рецептури и начин на производство. Производите на Промес се сертифицирани со HACCP. Во нашиот информационен систем, од секогаш сме ги следеле лотовите и датумите најдобро до кај суровините. Со GS1 DataBar-от, таа следливост во секое време ја имаме и кај готовиот производ, што е многу важно за нас – рече Митко Ќосев, оснивач и сопственик на Промес. - Македонија е релативно мал пазар, ние имаме квалитетен производ, кој што сега е означен по светски стандарди, кои се бараат на европскиот и светскиот пазар. Со тоа ни се отвараат нови можности и предизвици. Само со следење на нови технологии и воведување на светски стандарди, како што е и GS1 стандардот, може да се дојде до успех и просперитет на секоја компанија – додаде г-дин Ќосев.
Славчо Бујаровски, директор
Georgios Vasiliou, заменик генерален директор
- Производите што се продаваат во Веро не само што мора да ги исполнат сите стандарди за квалитет пропишани со закон, туку често мора и да ги задоволат многу построгите стандарди на нашата компанија. Во таа насока, Веро ги препозна потребите на пазарот за кодификација на производите и услугите и следејќи ги препораките за прифаќање на GS1 DataBar-от на сите наплатни места во Европската унија од 2014 година, отпочна со процес на интегрирање на нова генерација баркодови на своите производи. Со тоа Веро има производи означени по светски стандарди, поголема контрола на залихите, следејќи ги производите по лот и датум на рок на траење, што ни обезбедува уште поголема доверба кај потрошувачите, како и можност за следење на производите до каса, атрибутите на производите, лесно повлекување на производи со “погрешен” лот и многу други придобивки – рече г-дин Georgios Vasiliou, заменик генерален директор на Веропулос. - Со мотото “Kупувачот е нашиот шеф”, тимот од 800 вработени ја реализираат стратегијата на Веро за најдобар избор, најдобри цени, најдобра услуга и пософистициран начин на пазарување – додаде г-дин Василакис.
Николче Петров, тим лидер
-За овој Пилот проект направивме доработки и прилагодување на постоечкиот информационен систем на Веро. На централно ниво е изработен “Регистер на забранети лотови”. Податоците во тој Регистер на забранети лотови ги внесуваат и одржуваат вработените на Веро. Изготвени се процедури со кои се врши синхронизација на податоците до сите маркети и до секоја каса од маркет поединечно. Направивме и апликација Каса, поточно изработен е модул за процесирање на отчитаниот GS1 DataBar, по правилата на GS1, и со негово парсирање се влечат сите податоци: GTIN, нето тежина, датум употребливо до и лот, односно битните атрибути за безбеден производ. При читањето на каса на GS1 DataBar-от, се споредува лотот кој е содржан во него со лотовите во Регистерот и доколку тој лот е забранет, на екранот вработениот на каса се предупредува дека производит треба да се повлече од продажба – рече Николче Петров, тим лидер од Ултранет Ултра. – Истото се случува и со производот со изминат рок на траење. Софтверското решение кое го изработивме врши споредба и предупредува на каса, со што автоматски производот се повлекува од продажба. Во двата случаи е воспоставен механизам со кој е направена максимална заштита на потрошувачот што е многу важно за нашиот клиент – додаде Петров.
Настани
Новости