еИнфo
No15 - Септември 2014


Превземи PDF 

СОДРЖИНА

Регулативи

Каталог


Соопштение


GDSN

Што е GDSN?

    GDSN е Глобална мрежа за синхронизација на податоци. Изградена е врз основа на GS1 глобалниот регистар (GS1 Global Registry, GS1 системот за квалитет на податоци (Data Quality Framework ) и GS1 глобалната класификација на производи (Global Product Classification) , кои кога ќе се комбинираат, даваат моќна и сигурна алатка за континуирана и непрекината синхронизација на точни податоци за производите.

    Континуираната и непрекината синхронизација со точни податоци има и свои бенефити:

  • Поедноставување и забрзување на деловните процеси
  • Се подобрува точноста на нарачките
  • Бројот на документи кои треба да се пополнуваат се намалува
  • Се минимизираат двојните системи и процеси
  • Докажан начин за отстранување на непотребните трошоци во синџирот на набавка

    Глобалната мрежа за синхронизација на податоци (GDSN) ги поврзува трговците на мало и добавувачите, преку избрани податочни базени со GS1 Глобалниот регистар. GDSN-сертифицирани податочни базени се интероперабилни електронски каталози за стандардизација на матичните податоци за производите, со кои се овозможува креирањето на глобалната мрежа за синхронизација преку размената на податоците меѓу овие електронски каталози.

    GS1 Глобалниот регистар е “информативен директориум” за GDSN, кој содржи податоци за тоа кој се претплатил за добивање на информации за трговските единици или компании, гарантира уникатно регистрирање на трговските единици и компании и се грижи и обезбедува сите електронски каталози во мрежата да бидат стандардизирани според дефинираните правила на валидација.

    GDSN мрежата континуирано се развива и се користи од стотици илјади производители, дистрибутери и потрошувачи. Членството во Глобалниот регистар покрива голем број на сектори во Северна Америка, Јужна Америка, Европа и Азија.

    За да се овозможи точна и униформна класификација на производите, во GDSN системот се користи Глобалната класификација на производите (Global Product Classification – GPC), преку која им се овозможува на сите трговски партнери во дистрибутивниот синџир заеднички начин на групирање на производите секаде во светот независно од јазичните бариери. GPC класификацијата е бес-платна и достапна без ограничување. Класификацијата преку GPC се врши преку хиерархија од 4 нивоа:

Како функционира GDSN?

    Во внатрешноста на оваа мрежа, трговските единици се идентификуваат со единствена комбинација на GS1 идентификационите клучеви познати како Глобален трговски идентификационен број (GTIN) и Глобален локациски број (GLN).

    Постојат пет едноставни чекори кои им дозволуваат на трговските партнери да извршат синхронизација на податоците за трговските единици, локацијата и цената:

  1. Внесување податоци: Продавачот ги регистрира информациите за производот и компанијата во својот електронски каталог.
  2. Регистрирање на податоците: Мала подгрупа од ови податоци се испраќа до GS1 глобалниот регистар.
  3. Барање за претплата: Купувачот преку својот електронски каталог врши претплата за добивање на информации кои ги објавува продавачот.
  4. Објавување на податоци: Електорнскиот каталог на продавачот ги доставува бараните информации до електронскиот каталог на купувачот.
  5. Потврда за приемот на податоците: Купувачот испраќа информација до продавачот преку својот компаниски електорнски каталог, кој го информира добавувачот за акцијата која ја превзел трговецот на мало врз основа на добиената информација.

GDSN во компанијата “Кока-Кола”

    Како еден од начините да се избегнат недоследностите во податоците и да се овозможи континуиран економски развој, компанијата “Кока-Кола” го прифати GDSN – от во нивното деловно работење, како фокус во кампањата “Нови начини да работиме заеднички”. Целта на прифаќањето на GDSN е да се овозможи синхронизација на податоците на целата територија на САД, особено во активностите на директна достава во продавниците и соработката со складилиштата во САД и Мексико. Последните месеци се прават обиди синхронизацијата на податоците да се воведе и да се започне со користење и на територијата на Европа.

P&G: Употреба на GDSN во 13 земји

    P&G (Procter&Gamble) синџирот продавници започна да го употребува GDSN во 13 земји. Имплементацијата на GDSN во P&G синџирот на продавници се одвивал во три етапи: Прво, се обезбедиле потребните средства и капацитетите за глобална синхронизација на податоците; Второ, достава на податоци со висок квалитет (навремено синхронизирани и проверени за грешки) и трето, поврзување со потрошувачите и воочување на бенефитите.

    P&G ја користи Е2Е иницијативата за матични податоци за трансформација на нивното менаџирање на тежините и димензиите. Целта е информациите за тежината и димензиите кои му се понудени на потрошувачот да бидат вистинските димензии и мерки на производот (со одреден праг на толеранција). Имајќи точни информации за тежините и димензиите резултираше во подобрени бизнис бенефити за P&G и за мрежата на трговци на мало.

“Квалитетот на нашите матични податоци, кои што ги споделуваме со нашите внатрешни и надворешни потрошувачи и кои што ги користиме во нашето деловно работење, е значаен за успехот на P&G, како и за квалитетот на нашите пакувања и самите производи.” Simon Glass, P&G

    Бенефити за P&G: Елиминирање на дупликат процеси за мерење на производите Подобрено искористување на товарот Намалување на трошоците, поради елиминирање на потребата од дополнителни повторни мерења.

    Бенефити за трговците на мало: Елиминирање на процесите за мерење и дополнителните трошоци Оптимизација на дистрибуционата мрежа (на пр. Wegmans успеал да го зголеми капацитетот на пренос на товар за 18% со користење на точни тежини и димензии).

    P&G планира во иднина да ја комплетира програмата за подобрување на точноста на податоците најпрво во Северна Америка, а потоа да ја имплементира и во другите региони (Европа, Јужна Америка и Азија).

GDSN во SUPERVALU

    SUPERVALU моментално синхронизира 200.000 GTIN-ови помеѓу 610 набавувачи, од кои 550 набавувачи синхронизираат 100% од нивните производи. Тоа претставува 60% од целокупниот волумен на производи, кои ги набавува SUPERVALU.

    Со користењето на GDSN фокусот се поместува на податоците кои се “зависни од заемната врска меѓу компаниите”.

    Стратегиите за проши-рување на SUPERVALU опфаќаат вклучување на Albertsons во активностите за синхронизација на податоците; проширување на бројот на употребливи категории во нивниот дистрибутивен синџир за да бидат опфатени сите месни, млечни, пекарски бренд компании и овозможување на синхронизација на податоците при директна достава во продавниците.

“Денешните лидери единствено ја допираат површината на потенцијалните бенефити кои се достапни со синхронизацијата на податоците. Компаниите од двете страни на дистрибутивниот синџир треба да обврзат за вистинска синхронизација на дистрибутивниот синџир.” Greg Zwanziger

    SSUPERVALU потенцира дека квалитетот на податоците е клучен и дека погрешните податоци предизвикуваат значајни последици. Тие веруваат дека информациите за димензиите и тежините се значајни – но само како почетна етапа.

    Комплетност на податоците исто така е од непроценлива важност. За да се овозможи целосна синхронизација на податоците, компаниите мора да соработуваат на повисоко ниво отколку она наложено со минималните побарувања. Повеќето набавувачи испраќаат минимален број на атрибути (30 атрибути) за производ.

“Ние го фокусираме целосниот иден развој околу GDSN како извор на сите податоци од набавувачите.” Greg Zwanziger

    GDSN му овозможи на SUPERVALU да обезбеди значајно подобрен квалитет на податоците во зависност од рачните формулари, елиминација на повеќекратното рачно внесување на податоците и добивање на податоци кои претходно не биле користени во деловното работење.

100% електронски трансфер на податоци: GDSN и GPC во Carrefour

    Carrefour во 2008 година воспостави правило дека секој набавувач мора да биде способен електронски да трансферира 100% од податоците кои му се потребни на Carrefour преку еден од трите начини: 1. Веб форми – Оn-line форма преку која набавувачите ги внесуваат своите податоци. 2. Peer-to-peer (директен проток на информации) – Директно пренесување на податоците меѓу трговските партнери; датотеките се во претходно дефиниран формат. 3. Глобална синхронизација на податоците: Објавување на информациите за производите во податочни базени од набавувачот.

Внатрешна стандардизација: GPC во Best Buy

    Best Buy соработува со 13 набавувачи со користење на GDSN и GPC, што претставува зголемување од 8 набавувачи од 2008 година кои што ги испраќале своите податоци со користење на GDSN. Оваа листа продолжува да расте експоненцијално во текот на оваа година. Best Buy ја прифатил Глобалната класификација на производите (Global Product Classification – GPC) и ги правил потребните промени за мапирање на нивната постоечка хиерархија на класификација на податоците да биде конзистентна со GPC.

    Најзначајната употреба на GPC во Best Buy е за класификација на новите производи во соодветна интерна категорија во нивниот PIM систем. Преку GPC категоријата, која се добива преку GDSN, Best Buy може да изврши внатрешна класификација на новите производи.

“Бенефитите од користењето на GPC и GDSN се огромни и овозможуваат стандардизацијата не само интерно во компанијата, туку и интернационална стандардизација.” Patricia Vessey

    Во иднина Best Buy планира да продолжи со следењето на промените во GPC и GDSN и навремено правење на корекции и имплементации на новостите.

GPC во Wal-Mart

    Интересот на Wal-Mart за GPC е во врска со можноста купувачите да изберат (преку GDSN) за која група (категорија) на производи се заинтересирани.

    Преку класификацијата на производите преку GPC се одговараат низа прашања од типот: Каде треба да бидат поставени производите? Кои производи треба да се прикажуваат заедно?, итн..

    Преку користењето на атрибутите на производот може да се заклучи зошто некои производи се подобри од другите. На пример, зошто течните детергенти имаат подобри карактеристики од прашестите, или дали конзервираното овошје се продава подобро ако е пакувано со обичен или со послаб сируп. Атрибутите на производот се користат за извештаи и анализа во бизнис интелегенцијата за групи производи; планирање и одредување на буџет; одредување на начини на набавка на роба; начини на рекламирање; исполнување на клучни иницијативи на компанијата, како што се менаџирање на цените и одржливост на производите.

    Помалку од 10% од производите во Wal-Mart имаат валиден GPC код. Причина за тоа се старите податоци за производите, додека пак новите податоци кои што се испратени преку GDSN во 75% од случаите имаат валиден GPC код.