СОДРЖИНА
Регулативи
Каталог
Соопштение
GDSN
|
GS1 Каталог - Ваш извор на квалитетни податоци
Почитувани,
    Со гордост Ве известуваме дека GS1 Македонија изработи по светски GS1 стандарди свој сопствен GS1 Каталог за артикли на македонските производители, дистрибутери и маркети. Целта на овој Каталог е да биде извор од доверба на квалитетни, точни и сигурни податоци за производите, од што ќе имаат полза сите учесници во синџирот на снабдување во Република Македонија. GS1 Македонија во соработка со своите членки активно го пополнува Каталогот. Голем број на македонските бренд компании веќе започнаа да ги поставуваат своите производи во него.
Очекувани бенефити за сите наши членки (без оглед на големина и дејност) кои ќе се приклучат на овој GS1 Каталог:
- Заштеда на време и пари;
- Светска промоција на Вашата компанија;
- Маркетиншко претставување на Вашиот производен програм, опишан по глобално прифатените GS1 стандарди;
- Зголемена видливост и достапност на Вашите производи;
- Јакнење на сопствениот бренд;
- Усогласување со европското законодавство и со Регулативата EU 1169/2011 за on-line продажба на прехранбени продукти, која стапува на сила од декември 2014 година;
- Приближување кон европските и светските трендови за електронска промоција на македонските производи;
- Олеснување на размена на податоците во стандардизирана форма помеѓу купувачите и добавувачите;
- Компаниите заштедуваат време и пари преку автоматско известување на маркетите за своите производи кои ги внесуваат во Каталогот;
- Дистрибутивните куќи и маркетите ќе може да ги добиваат податоците од своите добавувачи во структуриран начин и стандардизирана форма и истите да ги користат автоматски во нивниот систем;
- Маркетите ќе добиваат ажурирани дневни извештаи преку GS1 Каталогот, бидејќи сите нововнесени производи во текот на еден работен ден, во вид на извештаи ќе бидат автоматски испраќани до маркетите, со што тие ќе имаат комплетен увид за се што е внесено во Каталогот во изминатите 24 часа;
- Малите компании без информациони системи, ќе може да го користат електронскиот GS1 Каталог за менаџирање на податоците за своите производи.
    Каталогот е достапен преку
www.gs1katalog.mk и
www.katalog.com.mk. Одвојте 5 минути од Вашето време и погледнете го Каталогот. Бидете чекор напред пред својата конкуренција и приклучете се кон македонскиот GS1 Каталог и уверете се во неговата полезност и придобивките што ќе ги добиете. Тимот на GS1 Македонија Ви стои на располагање за помош и дополнителни информации.
Со надеж за успешна соработка Ве поздравува,
Слаѓана Милутиновиќ,
Извршен директор на GS1 Македонија
|