Глобален јазик на бизнисот Глобална канцеларија Аплицирај за бар код
Запознајте се со сите настани поврзани со формирањето и функционирањето на GS1 Македонија
Кои се тековните проекти на кои континуирано работи GS1 Македонија во соработка со своите членки?
Запознајте ги лидерите кои имаат огромен придонес во организацијата на GS1 Македонија
Ценовник за користење на GS1 број, GLN број и услуги поврзани со користењето на GS1 стандардите
Станете и Вие дел од семејството на 1200 активни членки на GS1 Македонија.
Во текот на 2007 година ГС1 Македонија постигна исклучителни резултати, ги надмина планираните развојни цели и финансиски резултати, воведе нови услуги за своите членки и уште повеќе се приближи до бизнис- заедницата.
Македонската асоцијација за нумерирање на артиклите - GS1 Македонија, на 17.4 2008 година, одржа 4. седница на Управниот одбор и 3. седница на Генералното Собрание на коишто беа сумирани резултатите постигнати во 2007 година и презентирани програмските активности во 2008 година.
Доминантните активности на GS1 Македонија во изминатата година беа насочени кон:Тековна работа со членките; Развојни активности; Конкретни програми; Меѓународна соработка; Афирмација, презентирање и промоција на GS1 Македонија.
- Зголемувањето на членството во GS1 Македонија е континуирано, достигнувајќи ја бројката од близу 1.300 фирми, коишто со баркодирањето на своите производи и услуги се вклучени во современите светски текови на национално и на меѓународно ниво. Но, уште повеќе радува фактот што GS1 Македонија станува чинител за зголемување на конкурентноста на македонската бизнис- заедница, а наедно се зголемува свеста за неопходноста од примената на GS1 стандардите во деловното работење - подвлече Бранко Азески, претседател на GS1 Македонија.
Членките на GS1 Македонија применувајќи ги GS1 стандардите во своето работење, се стекнувааат со голем број бенефиции подобрувајќи го своето работење, зголемувајќи ја својата профитабилност, конкурентност и препознатливост на домашниот, европскиот и светскиот пазар.
Преку проектот GEPIR, сите активни членки на GS1 Македонија се вклучени во меѓународниот електронски каталог и овозможено е остварување на бизнис- контакти со преку 1.000.000 компании од целиот свет коишто ги баркодираат своите производи, со истовремена можност и странските компании да склучат бизнис -зделки со македонските членки на GS1 Македонија.
Интензивното вклучување на сите субјекти од Македонија во меѓународниот GS1 систем е неопходно поради актуелните евро атлантски интеграциони предизвици поставени пред македонското стопанство и задолжителната имплементација на современите светски стандарди.
Во наредниот период GS1 Македонија има амбициозни планови за развој на системот преку доближивање на услугите до и помош на македонските компании во нивното приспособување и прилагодување кон меѓународните стандарди. Планирана е поголема афирмација, презентација и промоција на GS1 Македонија, организирање семинари и обуки за членките на GS1 Македонија, подготовка, изработка и издавање на низа мали брошури и стручни публикации од областа на системот, усогласување на WEB страната на GS1 Македонија според дизајн -стандардите на GS1 системот.
Како дел од програмските активности, претседателот на GS1 Македонија, Бранко Азески го промовираше системот на акредитација, којшто е во светски рамки уникатна, оригинална, сопствена креација на GS1 Македонија. Со системот на акредитација, како своевиден бонитет на членката, се обезбедува популаризирање и промовирање на фирмите коишто редовно ги намируваат обврските по основа на користење на GS1 стандардите во своето деловно работење.
- Системот на цертифицирана акредитација претставува нов модел за утврдување и за промоција на успешноста и на деловната етика на фирмите - членки на GS1 Македонија и промоција на успешните фирми заслужни за развојот и за имплементацијата на GS1 системот во Република Македонија - нагласи Азески.
Промоција на проектот "Акредитација" на Генерално Собрание 2008
Акредитирани членки
Проверка на контролна цифра
Мој GS1
Настани
Новости