Глобален јазик на бизнисот Глобална канцеларија Аплицирај за бар код
Запознајте се со сите настани поврзани со формирањето и функционирањето на GS1 Македонија
Кои се тековните проекти на кои континуирано работи GS1 Македонија во соработка со своите членки?
Запознајте ги лидерите кои имаат огромен придонес во организацијата на GS1 Македонија
Ценовник за користење на GS1 број, GLN број и услуги поврзани со користењето на GS1 стандардите
Станете и Вие дел од семејството на 1200 активни членки на GS1 Македонија.
На Форумот присуствуваа над 670 делегати од 93 национални GS1 организации како и 54 претставници на корисниците на GS1 системот, менаџери на светски брендови и дистрибутивни синџири и претставници на софтверски куќи директно вклучени во имплементацијата на GS1 системот .
Концепциски работата на форумот беше организирана преку претпладневни и попладневни комбинирани паралелни тренинзи како и пленарни сисии кои беа следени од сите учесници. Во однос на самата содржина на форумот може да се каже дека таа беше поделена на три дела:
Во работата на Форумот активно учествуваа и претставниците на GS1 Македонија, Билјана Рембоска, Срѓан Милутиновиќ и м-р. Александар Кедијоски.
 
Обраќање на г-дин Мигуел Лопера CEO на GS1 Global Office
Форумот го отвори г-дин Мигуел Лопера директорот на GS1 GO. Најнапред изрази големо задовоство за бројор на учесници пријавени во неговата работа и го прогласи за најпосетен форум во изминативе 40 години. Неговото обраќање имаше за цел да ги информира присутните за идните активности на GS1. Од негова страна беа потенцирани три битни елементи или насоки до кои треба да се држат и ги насочат своите идни активности сите национални GS1 организации и тоа на:
Пленарен ден
Акцент на овој форум беше ставен на новите технологии со кои се почесто се сретнуваме насекаде околу нас, како Интернет на нешта, Омни канал на трговија, Податочен квалитет и новите технологии за означување на продукти.
Интернетот на нешта е реалност. Различните електронски уреди започнуваат да „зборуваат“ меѓу себе. Размената на податоците е во дигитален формат. За да се обезбеди квалитетна комуникација потребни се квалитетни изворни податоци. Овие податоци за продуктите стигнуваат до крајниот потрошувач преку различни канали и медиуми паралелно до таргетната група на потрошувачи. Можноста за да истите се купат е овозможена во секој момент кога тоа би го посакале и преку било кој медиум за комуникација. Овој вид на продажба е познат и како Омни канал на трговија.
GS1 Македонија иако има ограничени ресурси и човечки потенцијал, целосно е во тек со сите новитети од GS1 и воопшто не заостанува зад другите GS1 организации.
Настани
Новости