Глобален јазик на бизнисот Глобална канцеларија Аплицирај за бар код
Запознајте се со сите настани поврзани со формирањето и функционирањето на GS1 Македонија
Кои се тековните проекти на кои континуирано работи GS1 Македонија во соработка со своите членки?
Запознајте ги лидерите кои имаат огромен придонес во организацијата на GS1 Македонија
Ценовник за користење на GS1 број, GLN број и услуги поврзани со користењето на GS1 стандардите
Станете и Вие дел од семејството на 1200 активни членки на GS1 Македонија.
а) Вовед
Ви благодариме за интересот за нашата веб-страна и нашите онлајн услуги. Заштитата на личните податоците на посетителите и нивното користење на нашата веб страна е наш најголем приоритет. Токму затоа, оваа Политика е направена за да ве информира за обработката на вашите лични податоци и кои се вашите права.
б) Контролор
Ние, Стопанска комора на Македонија согласно Законот за заштита на личните податоци сме контролори и сме одговорни за обработката на личните податоци кои се обработуваат од наша страна.
в) Офицер за заштита на личните податоци
Може да го контактирате нашиот Офицер за заштита на личните податоци Кирил Коровешовски во секое време на следниве контактни податоци: „Даме Груев 5“, Скопје, Телефон: [02 3254 250, e-mail: kiril@gs1mk.org.mk.
Вашата посета на нашата веб-страна ќе биде евидентирана. Исто така, евидентирани ќе бидат и следите податоци: IP адресата што ја користи вашиот уред, датумот и времето, видот на прелистувачот и оперативниот систем на вашиот уред, пристапните страни.
Овие лични податоци се собираат заради оптимизирање и подобрување на нашата веб-страна. Обработката ја засноваме на легитимен интерес, бидејќи наш легитимен интерес е да ја заштитиме нашата веб-страна и да го подобриме нејзиниот квалитет.
Можете да го користите формуларот за контакт на нашата веб-страна [линк до формуларот за контакт] за да не контактирате за какво било барање. Личните податоци со кои го пополнувате формуларот за контакт ќе бидат обработени само за одговарање на вашето барање.
За да ја направиме вашата посета на нашата веб-странa попријатна и да овозможиме употреба на одредени функции, може да користиме „колачиња“. Колачињата се мали датотеки со текст што се зачувани на вашиот терминален уред. Некои од колачињата што ги користиме се бришат по завршувањето на сесијата на прелистувачот. Други колачиња остануваат на вашиот уред и ни овозможуваат нам или на нашите партнерски компании да го препознаваме вашиот прелистувач при следната ваша посета на нашата веб страна. За поставувањето на различен тип на колачиња, претходно ќе ви биде побарана согласност. Ако колачињата не се прифатат, функционалноста на нашата веб-страница може да биде ограничена. За да дознаете повеќе за тоа како ги користиме колачињата, можете да пристапите до нашата „Политика за колачиња“.
Може да користиме трети страни даватели на услуги за обработка на вашите лични податоци.Овие даватели на услуги може да се лоцирани во и надвор од Европската Унија (ЕУ) и Европската економси простор (ЕЕП).
Преносот на личните податоци на други обработувачи не се извршува, освен во случај кога сме обврзани со закон. За повеќе информации во врска со соодветните заштитни мерки за меѓународен трансфер на личните податоци или копија од нив, контактирајте го нашиот Офицерот за заштита на личните податоци.
Личните податоци што се дадени преку нашата веб-страница ќе се чуваат додека не се исполни целта за која се обработуваат. Сепак, рокот на чување може да се измени и заради наш легитимен интерес (на пр. за да се гарантира безбедност на податоците, да се спречи злоупотреба или да се гонат кривични дела).
Вие како субјект на личните податоци, може да го контактирате Офицерот за заштита на личните податоци во секое време за да ги остварите вашите права. Правата кои ги имате се следниве: