Управување со магацин

Тренд на производителите и трговците е управувањето со магацините и дистрибутивните центри да го препуштат на специјализирани логистички сервис провајдери (ЛСП)

Денес ЛСП ги подигнуваат добрата од различни извори, ги пакуваат за истата или слична дестинација или ги сортираат за различни дестинации. Понекогаш, складирањето не е вклучено во процедурата и подигнатите добра веднаш се транспортираат, а понекогаш ЛСП и ги подготвуваат штандовите за презентирање на производите.
За претходно спомнатиот начин на управување со магацините, потребна е поблиска соработка меѓу трговските партнери. GS1 стандардите помагаат во оваа соработка и координација преку обезбедување на точни реално временски информации достапни за сите инволвирани страни.

Бенефити од нашите стандарди

  1. Го прават управувањето со влезните и излезните добра поефикасно
  2. Обезбедуваат точни и навремени информации за инвентарот
  3. Ги намалуваат потребните залихи во магацините и ја зголемува достапноста на производите на рафтовите во продавниците
  4. Ја унапредуваат консолидацијата и групирањето на испораките
  5. Штедат време и ги намалуваат грешките