еИнфo
No1 - 3 Април 2013


Превземи PDF 

Содржина

40 годишнина

 

Нови услуги

Софтвер за генерирање на GS1-128 и логистичка етикета

GS1 Верификација на бар кодовите

Проверка на акредитација

Електронско аплицирање

 

Новости

Новиот 1WorldSync каталог

 

Теми на бројот

Електронска размена на податоците - Што, како и зошто?  

 

Добредојдовте во првото издание на е-Инфо на GS1 Maкедонија.

 

Слаѓана Милутиновиќ, дипл. ек.

извршен директор

 

 

   Во желба да ви ја доближиме тематиката на GS1 стандардите и олесниме пристапот до актуелните содржини и интересни информации, одлучивме да започнеме со издавање на наше електронско списание ИНФО. На овој начин ќе бидеме во можност секој месец да ги дополниме и збогатиме Вашите знаења со најнови текстови кои ги следат активностите на експертите во рамките на GS1 Global Office и развојните тимови задолжени за следење на темите ширум светот.

   Покрај написите поврзани со основните теми на GS1 системот на стандарди, ќе Ви понудиме и постојани рубрики кои се однесуваат на курсеви за електронско учење, достигнувања на нашите компании, занимливости од опкружувањето и уште многу содржини кои ќе го привлечат Вашето внимание и љубопитност.

   Електронското издание на ИНФО списанието ќе ја известува пошироката деловна јавност и за начинот за зачленување во GS1 Македонија и за погодностите кои им ги нудиме на организациите членки. Исто така ќе објавуваме имиња на компаниите-нови членки, со компаниските префикси и имињата на компаниите кои престанале со деловните активности, а со самото тоа и со членство во GS1 Македонија.

   Со овој информатор, се надеваме дека ќе Ви помогнеме подобро да ја разберете GS1 организацијата и нејзините активности.

   На пример, дали знаете дека GS1 организацијата oваа година слави 40 години од нејзиното формирање? Или дека има 111 членки ширум светот? Дали знаете дека повеќе од милион компании, мултинационални и локални, ги користат нашите стандарди за своите бизнис потреби во повеќе од 150 земји? Дали знаете дека GS1 стандардите се користат во повеќе сектори вклучувајќи ги здравството, транспорт и логистика, хемиска индустрија, индустријата за високо технолошки производи, синџирот на набавка во трговијата, производството и малопродажбата...? GS1 Стандардите обезбедуваат основа која дозволува продуктите, сервисите и информациите за нив да се движат поефикасно и побезбедно, за доброто и благодетот на бизнисот за подобрување на животот на луѓето, секој ден, секаде.

   Ве очекуваме на страниците на GS1 Македонија Инфо списанието, како наш скромен придонес кон намалување на бројот на печатени страници и зачувување на животната средина.